Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски престојува во Лозана, Швајцарија, по повод воспоставување на официјална соработка помеѓу Министерството за култура на РМ и Федералната политехничка школа на Лозана (Ecole Polytechnique Fédérale de Lausanne - EPFL), преку Лабораторија за уметности и науки во Лозана (LAPIS). Денес министерот Алаѓозовски ќе го посети EPFL со цел да потпише Меморандум за разбирање...
За време на посетата, министерот за култура Алаѓозовски ќе учествува и на тркалезната маса на тема “Културна инфраструктура во балканските градови”. Целта на дискусијата е да се продлабочи разбирањето за тоа како културните системи ја произведуваат, обликуваат и конзумираат “културната инфрас
Со овој настан ќе се одбележи почетокот на соработката помеѓу LAPIS-EPFL и Urban Think Tank (лабараторија на Swiss Federal Institute of Technology in Zurich), со цел да се прошират потенцијалите околу предложената тема. Urban Think Tank веќе има значително вклучување и искуство на оваа тема во балканскиот регион.