Вечерва почнува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“

Вечерва во Скопје  започнува 6. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“.  На публиката ќе и бидат претставени петмина актуелни писатели од исто толку земји од Балканот. Добитникот на наградата за авторски придонес во балканската литература „Прозарт“ е Светислав Басара, кој од здравствени причини не можеше да допатува во Скопје...

ucesnici-pro-za-balkan_foto


Фестивалот ќе го отвори директорот Дејан Трајкоски, а модератор ќе биде Ана Јовковска. За делата на Басара, Роберт Перишиќ од Хрватска, Фросина Пармаковска од Македонија, Лејла Каламујиќ од Босна и Херцеговина, Афер Тунч од Турција и Јуриј Худолин од Словенија ќе говорат македонските писатели Александар Прокопиев, Ермис Лафазановски и Владимир Јанковски. 

Гости на отворањето ќе бидат и тројцата членови на „Скопје фелоушип“ програмата – Џон О’Брајан, основачот на „Далки архив прес“ од САД, Јанике Ритер, уредничка на „Зуркамп“ од Германија и Назлиџан Кабаташ од „Калем“ од Турција.

Утре во ЕУ Инфо-центаротНа вториот фестивалски ден,  ќе се одржи тркалезна маса „Балканските класици во европската литература: (не)визибилност во 21 век“, на кој ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје фелоушип“ програмата.

Веќе традиционално, фестивалот организира средба на гостите автори со своите читатели во книжарницата „Икона“ во Скопје сити мол, закажана за 28 мај. Тројцата врвни издавачи од „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат и со македонски писатели и издавачи и ќе имаат можност да воспостават идни соработки.

Фестивалот ќе биде затворен на 29 мај во Даут-пашиниот амам во кога писателите ќе читаат извадоци од своите дела.

„ПРО-ЗА Балкан“ и оваа година е во организација на издавачката куќа „Икона“. Фестивалот е поддржан е од Министерството за култура, од ТРАДУКИ, Делегацијата на ЕУ, амбасадите на Словенија и на Хрватска и од Словенечката агенција за книга.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia