Министерот за култура се обрати на изложбата на доајенот на македонското современо вајарство, Драган Попоски-Дада

Синоќа во Даут-пашиниот амам, пред многубројните љубители на уметноста, беше отворена ретроспективно-монографската изложба на Драган Попоски-Дада, доајен на македонското современо вајарство...

-__

На отворањето на изложбата се обрати и министерот за култура Асаф Адеми, кој истакна дека оваа изложба е само уште еден во низата значајни настани со кој Националната галерија на Македонија годинава го одбележува своето седумдецениско постоење и која преку ваквите ретроспективни изложби дава свој придонес во негувањето и презентирањето на високите вредности што се создаваат во уметноста и културата на нашата земја. 

„Затоа е чест што вечерва сум опкружен со делата на уметникот кој со својот исклучителен и оригинален творечки израз остави особен печат во развојот и афирмацијата на современата македонска скулптура, но и за промоција на македонската култура во светот“,  рече пред присутните министерот за култура.

__2_

На изложбата, која ќе биде отворена до 24 ноември, претставени се над стотина дела (скулптури и цртежи) од сите фази од творештвото на Драган Попоски-Дада, што започна во далечната 1964 година. Делата што се претставени се сопственост на авторот, на повеќе институции, како и на значаен број приватни сопственици

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia