Претставата „Татко ми го сакаше Адолф“ на театарот од Гњилане го отвори 12. издание на Театарскиот фестивал „Скупи

Во Младинскиот културен центар синоќа во присуство на голем број посетители меѓу кои и претседателот на Владата Зоран Заев и министерот за култура Асаф Адеми, беше отворен 12. Интернационален театарски фестивал „Скупи“... 

__2_-

Министерот Адеми, во своето обраќање на отворањето  на Фестивалот нагласи дека оваа манифестација е вистински пример за тоа како со љубов, ентузијазам и посветеност може да опстои и да се развива една идеја, еден фестивал на театарот.

„Веќе 12 години оваа манифестација ненаметливо, но упорно, го збогатува културниот простор во нашата земја со претстави кои можеби немаат голем институционален габарит, но тоа се продукции што промовираат врвни уметнички вредности и кои на културната јавност во нашата земја ѝ ги доближуваат актуелните уметнички тенденции во сферата на театарот.  Интернационалниот фестивал „Скупи“  е манифестација која со себе има багаж на иновативни и прогресивни претстави кои, на задоволство на публиката и стручната јавност, секогаш отвораат нови перспективи и размислувања во контекст на  општествените и социјалните предизвици со кои се соочуваме денес“, рече Адеми.

___

На отворањето на Фестивалот, кој годинава се одвива под мотото „Преку границите“,  беше изведена претставата „Татко ми го сакаше Адолф“ на Театарот од Гњилане од Косово. Во наредните денови во рамките на фестивалската програма  ќе гостуваат седум претстави од исто толку земји.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia