Министерот за култура Адеми на одбележувањето на 65-годишнината од постоењето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Министерот за култура Асаф Адеми денеска присуствуваше и се обрати на одбележувањто на јубилејот, 65 години од постоењето на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ...

Institut_za_makedonski_jazik_600_-4

Во своето обраќање пред присутните, Адеми ја нагласи добрата соработка меѓу Институтот за македонски јазик и Министерството за култура и, како што потенцираше, Министерството и понатаму ќе продолжи со поддршката на проекти кои ќе значат голема одговорност во промовирањето на македонскиот јазик.

„Беа реализирани голем број проекти, меѓу кои и издавањето на Толковниот речник и Правописот на македонскиот јазик, како и бесплатна електронската верзија на Правописот за првпат достапна за сите. Владата на РМ донесе одлука со пакет од повеќе мерки за унапредување на македонскиот јазик, а беа подготвени и усвоени законски измени во Законот за употребата на македонскиот јазик“, истакна министерот Адеми.

На свеченоста во Институтот за македонски јазик беа одбележани и јубилеите 115 години од излегувањето на книгата „За македонцките работи“ од Мисирков и 25 години од смртта на Блаже Конески, а беше отворена и манифестацијата „Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ која во наредните денови ќе биде местото каде што професорите и лингвистите ќе имаат можност да ги презентираат најновите истражувања во областа на јазикот. 

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia