Министерот Адеми одржа брифинг со новинарите

Министерот за култура, Асаф Адеми денеска одржа брифинг со новинарите на кој информираше за активниот конкурс што е во тек, и е распишан прв пат оваа година, „Млади Европејци“, како и за останатите конкурси: за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници, за поддршка на стручно усовршување на млади таленти и дефицитарни кадри, за конкурсот за Венециското биенале на уметноста, како и за Новиот културен бран ...

Brifing_so_novinari_640_-6

Министерот Адеми се задржа на штотуку завршениот Конкурс по Годишната програма на Министерството за култура, и со медиумите ги сподели имињата на претседателите на комисиите кои ќе ги евалуираат програмите и ќе дадат предлог-програма.

Претседатели на комисиите се: Суат Камбери (Интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (Фолклор, Музико-сценска дејност), Бертон Сулејмани (Издавачка дејност), Петар Арсовски (Драмска дејност), Трајче Блажевски (Визуелни уметности), Анета Серафимова (Недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (Музејска дејност и нематерјално културно наследство), Вилдане Идризи (Библиотечна дејност), Џеладин Локамни (Инвестиции).

Brifing_so_novinari_640_-4

Министерот Адеми потенцираше дека со изборот на стручни членови во комисиите, а имајќи ги предвид досегашните слабости при носењето на програмата, тој ќе преземе сѐ

што е во е негова надлежност за да се надминат слабости при оценувањето на проектите. Министерот искажа уверување дека ќе биде почитуван законскиот рок од 45 дена по усвојувањето на Буџетот на РМ, да бидат соопштени и резултатите.

Brifing_so_novinari_640_-2

Во духот на транспарентноста, министерот Адеми најави отворен телефонски број за директен контакт на апликантите со него, по однос на евентуални злоупотреби на условите на Конкурсот.