Резултати од Конкурсот за учество во финансирање на проекти од национален интерес во културата , манифестација „Млади Европејци 2018“

Со цел промоција на европските културни вредности, односно преку млади таленти тие да се дисперзираат во локалните средини, за да се збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда, Министерството за култура од 10 до 20 декември 2018 година ќе ја организира манифестацијата „Млади Европејци“. По тој повод, Министерството за култура на 5 ноември распиша Конкурс за учество во финансирање проект од национален интерес во културата, манифестација „Млади Европејци“ во 2018. Рокот за пријавување беше до 4 декември...

Logo_novo_1

За пристигнатите проекти во рамките на Конкурсот одлучуваше стручна комисија. Во тој контекст, Министерството за култура информира дека вкупниот број на пристигнати проекти кои беа предмет на разгледување од страна на стручната комисија изнесува 175 проекти на здруженија на граѓани, асоцијации и самостојни проекти на физички лица. Стручната комисија при разгледувањето на програмите/проектите за „Млади Европејци“ 2018 година работеше во согласност со јасно и прецизно утврдените мерила, критериуми, услови и доставената задолжителна документација наведена во Пријавата, која беше составен дел од Конкурсот за поддршка и развој на културата во Република Македонија.

Поддржани се добро аргументирани и издржани проекти/програми, конципирани со квалитетни содржини, во изведба/реализација на професионални уметници и, секако, проекти со атрактивни програмски содржини. При разгледувањето на пристигнатите пријави, комисијата внимателно се трудеше да бидат застапени сите етникуми и малцинства во Република Македонија, секако доколку кандидатите ги исполнуваат сите услови наведени во Конкурсот, а предност имаа проекти кои како активност се планирани за неколку регионални локални средини и чија реализација претставува соработка меѓу здруженијата и поединците од невладиниот сектор и локалните и националните установи од културата.

Одбиени беа проекти кои имаа неуредна документација, проекти кои не ги исполнуваа мерилата и критериумите јасно наведени во Конкурсот, како и проекти со скудна експликација.

Целта на манифестацијата „Млади Европејци“ е да се поттикне и да се активира независната културна сцена, да се создадат еднакви можности за сите и да се обезбеди „култура до сите и за сите, и тоа со рамномерна географска застапеност на културата во сите плански региони“.

Резултатите од Конкурсот можете да ги погледнете на следниот линк: