Песните од „Бум фест“ ќе го стимулираат квалитетот на албанските песни, порача министерот Адеми

Синоќа во Македонската опера и балет се одржа првото издание на музичкиот фестивал на забавни песни на албански јазик, „Бум фест“ на кој настапија многу еминентни имиња од Македонија, Косово и од Албанија, како и голем број дебитанти...

MOB_4

Гостите и учесниците ги поздрави министерот за култура Асаф Адеми кој изрази уверување дека овој фестивал ќе придонесе за квалитетот на продукцијата на песните кои се создаваат на албански јазик и афирмацијата на музичката традиција од областа на забавната музика.
MOB_3

„Во насока на стимулирање и унапредување на популарната забавна музика, Министерството за култура го поддржа првото издание на овој фестивал кој верувам дека ќе даде придонес кон создавањето на квалитетна и високопрофесионална естрадна сцена„, рече на отворањето на „Бум фест“, министерот Адеми.
MOB_2