Министерот за култура Асаф Адеми денеска оствари работна средба со раководството и со членовите на Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“

На средбата, на министерот за култура Адеми му беше врачена благодарница за поддршката која Министерството за култура ја дава за овој реномиран ансамбл...

IMG_0430

На средбата, меѓудругото, стана збор за досегашните активности на овој ансамбл, кој низ годините е активен промотор и афирматор на македонската фолклорна традиција, како и за идните негови настапи.

IMG_0431

Во рамките на својата редовна дејност, работејќи со 12 фолклорни групи, Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“ во изминатиот период реализирал многу премиерни кореографии, сценски адаптации, ора и песни, изработка на нови и реставрација на постојните носии за потребите на овие групи. Ансамблот одржал и многу концерти и настапи на домашната сцена, како и во странство.

IMG_0432

Во рамките на затворањето на манифестацијата „Вапцарови денови“ на 23 декември, Фолклорниот ансамбл „Вапцаров“ ќе го одбележи и својот 40-годишен јубилеј.

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia