Обраќање на заменик-министерот за култура на седмата Конференција на УНЕСКО во Белград

Сакам да изразам  посебно признание на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција и Италијанската Влада, за силната поддршка и разбирање  што ја даваат на земјите во Југоисточна Европа во нивните настојувања за очувување и унапредување на нивната взаемна соработка, особено во областа на културата и културното наследство.

Почитуван г. Mарковиќ, Министер за култура, информации и информатско општество на Република Србија,

Почитуван г. Франческо Бандарин, Помошник генерален директор

на УНЕСКО за култура,

Почитуван г. Руосс, Директор на Канцеларијата

на УНЕСКО во Венеција,

Почитувани министри за култура на земјите на Југоисточна Европа,

Почитувани дами и господа,

Имам чест и задоволство во името на Министерството за култура на Република Македонија  да ги поздравам сите учесници на Седмата министерска конференција за културно наследство и да се заблагодарам на гостопримството и одличната организација на Министерството за култура, информации и информатско општество на Република Србија. 

Сакам да изразам  посебно признание на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција и Италијанската Влада, за силната поддршка и разбирање  што ја даваат на земјите во Југоисточна Европа во нивните настојувања за очувување и унапредување на нивната взаемна соработка, особено во областа на културата и културното наследство.

Сметаме дека континуитетот на одржување на Министерските средби за културно наследство, како и Регионалните самити на претседатели на држави, даваат посебен придонес и енергија за нашата взаемна соработка и успешна реализација на координативни активности кои се од посебно значење за сите нас.

Покрај проектите што секоја држава одделно ги реализира во рамките на оваа соработка се реализираа и интензивираа регионални експертски состаноци од доменот на нематеријалното и подводното културно наследство, работилници за дигитализација на културното наследство, конференции за улогата на историските музеи, форум за младите и културното наследство и многу други во кои беа вклучени покрај соодветните институции и невладиниот сектор.

Сметам дека треба и понатаму да се прават заложби за унапредување на регионалната соработка, со цел интензивирање на заштитата и промоцијата на нашето културно наследство преку нови и креативни пристапи кои даваат можности за постојан развој, унапредување на соработката во областа на образованието и усовршувањето на млади кадри, развојот на културниот туризам, интензивирање на соработката и превземање на заеднички мерки во борбата против недозволената трговија со културните добра и сл.

Поаѓајќи од фактот дека културата е една од фундаменталните области на општественото живеење, дека културното наследство претставува значаен фактор за идентитетот и развојот на секоја држава, на Министерството за култура на Република Македонија приоритетни цели се заштитата и промоцијата на  културно наследство, почитување на разноликоста на уметничкото изразување и меѓукултурниот дијалог.

Разноликоста на културното изразување изразено во множеството на идентитети е фактор кој ги збогатува народите и поединците бидејки им овозможува да ги изразуваат и да ги споделуваат своите идеи, вредности и замисли со другите.

Убеден сум дека овие цели можеме да ги реализираме и во рамките на иницијативата “Културно наследство и дијалог“ предложена од  Генералниот директор на УНЕСКО, г-ѓа Бокова.

Во оваа прилика сакам да нагласам неколку позначајни активности што нашето Министерство ги реализира во рамките на соработката со УНЕСКО во периодот помеѓу двете министерски конференции:

- Проектот “Крушево етно град“ кој се реализира 2010 година со помош на Регионалното биро на УНЕСКО – БРЕСЦЕ и фондот осниван од страна на Италијанската влада е од особено значење за нашата земја и градот Крушево и настојувањето на Министерството за култура преку промовирањето на културните вредности и обичаи на овој град да се подигне свеста на локалното население за самоодржување, но и да се привлечат странски и домашни туристи со цел економско  зајакнување на градот и неговите граѓани.

Втората Светската верска конференција за  меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог успешно се реализира од 6 до 9 мај 2010 година во Охрид. Конференцијата покрај Владата на Република Македонија, беше помогната од УНЕСКО и шпанските фондови за оства¬ру¬вање на Милениумските развојни цели на Обединетите нации.

Конференцијата се реализираше во рамките на: Декадата на ООН и УНЕСКО за култура на мирот, 2010-та Меѓународна година на зближување на културите и Глобалната агенда  на ООН за дијалог меѓу цивилизациите. Со реализацијата на Втората светска конференција беа одбележани и три значајни јубилеи на значајни личности и настани: 100 години од раѓањето на светската хуманистка Мајка Тереза, 1100 години од упокоју¬ва¬њето на св. Наум и 1400 години од почетокот на објавувањето на Куранот.

Министерството за култура во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, покрај изготвување на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион, донесе и Закон за управување со Охридскиот регион како светско културно и природно наследство и Закон за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Министерството за култура поднесе три апликации за  номинирање за впишување во Репрезентативна листа за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото на УНЕСКО.

Исто така Република Македонија се придружи на мултинационалната апликација, заедно со Турција, Албанија, Бугарија, Ирак и Сирија, за впишување на Хидерлез во Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство.

До Центарот на УНЕСКО за светско наследство поднесена е втората ревидирана верзија на номинацијата на Архео-астрономскиот локалитет „Кокино“ за впишување во листата на УНЕСКО за светско културно наследство.

  Со оглед на тоа што на овој состанок и на состанокот на Меѓународната работна група ќе се разменат информации и координација на активности за регионалните центри за заштита на културното наследство, сакам да истакнам дека подрачјето на Југоисточна Европа секогаш било место каде се среќавале  различни цивилизации и култури кои создале богато културно наследство со универзално значење и како такво претставува дел од севкупното светско културно наследство. Токму затоа иницијативата за формирање на регионални центри за заштита на културното наследство во неговите различни форми на изразување и начин на заштита и промоција во секоја држава од нашиот регион претставува особен интерес за сите земји, особено за земјите од Југоисточка Европа .

Поаѓајќи од големото значење што го има автоматската обработка на податоците во дејноста на заштитата на културното наследство, Министерството за култура на Република Македонија ја препозна дигитализацијата на културното наследство како значаен елемент за изградба и развој на информатичкото општество и општеството на знаење, елемент кој преставува значаен фактор во остварувањето на културната политика и културниот развој на земјата. Во таа  насока изготвена е и усвоена од страна на Владата на Република Македонија Национална стратегија за дигитализација на културното наследство која ќе биде првенствено во функција на Регионалниот центар за дигитализација на културното наследство. Како дел од планираните активности поврзани со Центарот беше успешната реализација на Регионалната работилница за дигитализација на културното наследство насловена „Искуства и соработка на земјите од Југоисточна Европа“ одржана во октомври 2010 година и тренинг сесијата за обука на лицата директно вклучени во процесот на дигитализацијата во декември 2010 год. Министерството за култура дава целосна подршка на идните програмски иницијативи со цел етаблирање на Регионалниот центар како платформа за размена на искуства, знаења и добри практики во регионот.

На крајот сакам да истакнам дека културното наследство со своите уметнички и историски вредности со векови опстојува и со својата разноликост претставува наше и светско богатство. Како земја со богата културна традиција и духовни вредности, Министерството за култура на Република Македонија секогаш е подготвено за  соработка со соседите, со Европа и со сите земји во светот, следејќи ја доследно идејата на Европската унија и на УНЕСКО за свет со што помалку ограничувања.
kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia