Обраќање на министерот за култура Алаѓозовски на отворањето на 30. издание на Саемот на книгата во Скопје

Во неговото обраќање на отворањето на 30. јубилејно издание на Саемот на книгата во Скопје, кое се одржува во ВИП Арената „Борис Трајковски“ од 3 до 6 мај 2018, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски истакна дека Министерството,  како покровител на манифестацијата и годинава недвосмислено застана зад идејата ова издание на Саемот да биде богато, свечено, да се одвива без никакви пречки и да овозможи натамошен развој на читателската култура, давајќи им поддршка на издавачите и на авторите. Тој посочи дека покрај стандардите кои ќе донесат и подобар квалитет на изданијата, во оваа година ќе се посвети особено внимание на зајакнување на меѓународното претставување на нашето издаваштво...

saem_na_kniga_3_maj_2018_naslovna_alagjozovski

Почитувани вљубеници во пишаниот збор, почитувани издавачи, автори, уредници, рецензенти, преведувачи, графички дизајнери, опремувачи на книги; почитувани професори и наставници по литература; драги сограѓани и читатели;

Огромно е задоволството што годинава и покрај кусиот рок поради промената на локацијата, сите заедно успеавме да го организираме 30-тото јубилејно издание на Саемот на книгата, овде во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, нова локација, која сумубеден дека нема да не изневери и ќе ни понуди нови возбудливи книжевни средби и настани. Министерството за култура,  како покровител на манифестацијата и годинава недвосмислено застана зад идејата ова издание на Саемот да биде богато, свечено, да се одвива без никакви пречки и да овозможи натамошен развој на читателската култура, давајќи им поддршка на издавачите и на авторите.

Книгата е медиум кој пренесува универзални знаења и искуства на човештвото.  Таа ја има придобивката да биде цивилизациски исчекор и врска помеѓу минатото и иднината. Таа е мост меѓу генерациите и културите. Книгите ја вербализираат потрагата по смислата на човековото постоење и потребата за слободно себеизразување, која е заедничка на сите луѓе во сите општества.

Во Стратегијата за културен развој на Министерството за култура и на Владата на Република Македонија, во издавачката дејност предвидуваме темелни реформи, зашто наследивме нелогична состојба како искуство од изминатиот десетгодишен период, кога Министерството прерасна во еден од најголемите издавачи во земјава, присвојувајќи надлежности што во суштина ги нема и вршејќи директен упад во издавачката дејност.

Културната политика во издавачката дејност ќе се темели на  систем за утврдување издавачки стандарди што ќе подразбере и нов пристап кон издавачки програми. Приоритетна поддршка ќе има за преводната продукција која ќе го добие заслужениот третман што го изгубиниз годините, со посебна грижа ќе го поддржиме творештвото на млади автори, а посебно внимание ќе одвоиме за поттикнување на литературното творештво за деца и млади. Свесни сме и за незавидната ситуација со списанијата, за што се подготвуваат стимулативни мерки за специјализирано профилирање на издавачите и нов пристап во поддршката на списанијата. Отворени сме за дијалог и за преиспитување на потребата од донесување нов закон за издавачката дејност.

saem_na_kniga_3_maj_2018_alagjozovski_foto_2

Почитувани;

Убеден сум дека со заеднички сили и знаење во иднина ќе ги оствариме приоритетите за оваа сфера. Покрај стандардите кои ќе донесат и подобар квалитет на изданијата, во оваа година ќе осветиме особено внимание на меѓународното претставување на нашето издаваштво.

Министерството за култура од оваа година го активира целосно Секторот за книга при Министерството и го презема меѓународното претставување и презентирање на издавачката продукција и литературата од нашата земја, преку концептуално презентирање на автори и дела од Македонија прилагодено на тематските фокуси на саемите, што ќе ги зајакне меѓународните претставувања на македонската книжевност и издаваштво.

Меѓународните саеми се места каде што се договараат гостувања и размена на писатели, користење на авторски права и разни видови соработка меѓу издавачите и авторите. Во таа смисла, би сакал да ги поздравам претставниците на Саемот за книга во Пула, кадешто годинава Македонија ќе биде тематски фокус на саемот.

Почитувани;

Саемот на книгата во Скопје е најпопуларната и најпосетуваната културна манифестација во земјава, која има меѓународен карактер, отворен визионерски дух кој не познава граници. Илјадници посетители деновиве овде, во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе најдат четиво што ќе ги испровоцира, едуцира или ќе ги однесе во нови светови зашто книгата со своите универзални пораки е еден од најважните столбови на слободата и слободно изразување и комуницирање.

Во духот на демократското општество  кое транспарентно го градиме и во духот на мотото на Министерството за култура: култура до сите,култура за сите, Министерството за култура и натаму ќе стои зад оваа голема и значајна манифестација за афирмација на културата на читање книги, ќе го поддржува домашното издаваштво и ќе учествува во доближување на светските цивилизациски текови кои ги носи пишаниот збор.

Ви посакувам успешно јубилејно издание и многу нови книжевни пријателства и соработки!

Ви благодарам.

saem_na_kniga_3_maj_2018_alagjozovski_foto_3

saem_na_kniga_3_maj_2018_alagjozovski_foto_6saem_na_kniga_3_maj_2018_alagjozovski_foto_7saem_na_kniga_3_maj_2018_alagjozovski_foto_8
kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia