Обраќање на заменик-министерот Владимир Лазовски на прославата на 70 години Македонска опера
Среда, 01 Ноември 2017 09:28
Почитувани славеници, почитувани гости; Ми претставува особено задоволство што можам во име на Владата на Република Македонија и Министерството за култура да ја поздравам оваа свеченост, која го надминува вечерашниот уметнички настан и се претвора во средба на генерациите, кои ја обележаа културната историја на македонскиот народ и нашата земја.
Обраќање на министерот Алаѓозовски на Форумот за нацрт – стратегијата за културен развој на Република Македонија (14 септември 2017)
Четврток, 14 Септември 2017 13:03
Би сакал, на самиот почеток, да изразам искрена, а не само куртоазна благодарност до сите, кои се внесоа во овој значаен процес што треба да создаде инклузивни и современи политики, пристапи, капацитети и можности за развој на културата и уметноста во нашата земја, како и до сите вас, коишто со своето присуство и активност, уште на самите почетоци на нашето заедничко патување, демонстрирате дека желбата да се достигнат овие цели е заедничка.
Обраќање на министерот Алаѓозовски на чествувањето на Денот на независноста кај Спомен-куќата на Блаже Конески во Небрегово
Четврток, 07 Септември 2017 11:23
Оваа година, го прославуваме Денот на независноста и кај Спомен куќата на џинот од Небрегово, кој не задолжи со неговиот огромен придонес за македонскиот јазик и книжевност. Делото на Конески говори самото за себе, а можност за да дознаеме повеќе имаме секако денес, од нашите домаќини од Фондацијата „Небрегово“, наши истакнати научници, професори, писатели, негови современици, ученици и следбеници. Нашето присуство и овој настан тука денес не се случајни, ниту пак само симболички или протоколарни. Од ова место, родниот крај на еден од создателите на модерниот македонски јазик, токму на Денот на независноста, би сакал во име на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура да порачам дека јазикот, неговото зачувување, негување и унапредување како еден од столбовите на нашиот идентитет, е наш врвен приоритет.
Обраќање на министерот Алаѓозовски на отворањето на Фестивалот „Денови на разноликоста“
Четврток, 31 Август 2017 07:23
Нема поприродно нешто од ваква прослава, за земја која и светот ја препознава како микс на различности од секаков вид и во која би можеле да организираме 365 денови на разноликоста, без опасност да повториме некои од нејзините аспекти. Сепак и во 21 век, и покрај таа наша природна состојба и богатство, дискриминацијата и нееднаквоста се, за жал, сè уште присутни во голема мера во нашето општество, во културата, образованието, вработувањето, како и во многу други аспекти од нашето секојдневие.
Обраќање на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на отворањето на 56-тото издание на Струшките вечери на поезијата
Среда, 23 Август 2017 18:50
Почитувани,
На овој празник на поезијата и поетите, кои ни доаѓаат од целиот свет, веројатно најздодевниот дел се овие церемонијални говори. Затоа ќе се потрудам да одземам што помалку од скапоценото време што го одвоивме сите ние за да уживаме во магијата на 56тото издание на Струшките вечери на поезијата.
Говор на министерот за култура, Роберт Алаѓозовски на oдбележувањето на Денот на холокаустот врз Ромите
Сабота, 05 Август 2017 11:38
Денес, кога одбележуваме еден тажен историски настан и тежок период за многу светски народи, не можам а да не ја воочам, но и себеси и вас да ве соочам уште еднаш со дискриминацијата и игнорирањето, со кои се соочуваат Ромите не само кај нас, туку секаде во светот. На пример, за Холокаустот кај Евреите знаеме сите, но за холокаустот кај Ромите знаеме, слушаме и читаме многу малку, иако некаква разлика помеѓу злото кое ги снајде двата народи навистина нема. Како да сме навикнати, оваа заедница да ја гледаме низ наметнатите и вкаменети стереотипи, предрасуди и омраза, кои се вкоренети не само помеѓу луѓето и во јавноста, туку, за жал, вирееја и извираа и од самите институции на нашата земја.
Експозе на министерот за култура за предлог-законот за измена и дополнување на Законот за култура, дадено седницата на Собранието на РМ одржана на 01.08.2017
Вторник, 01 Август 2017 10:26
Почитувани,
Законот за културата е донесен во 1998 година како основен закон во културата и оттогаш е повеќе пати менуван, но оценката од досегашна примена на Законот и настанатите проблеми во неговото имплементирање, упатуваат на негово итно менување од следниве причини:
Обраќање на министерот за култура на јавната расправа за состојбата во авторското право и сродните права со посебен осврт на колективното управување
Четврток, 27 Јули 2017 13:50
Во секој сегмент од нашата и општоцивилизациската култура, се присутни придобивките од творештвото и придонесот како на авторите, така и на носителите на сродните права. Остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права, треба да бидат третирани како што им прилега, односно да се почитуваат како составен дел од целокупното наше живеење.
Обраќање на заменик-министерот за култура на седмата Конференција на УНЕСКО во Белград
Петок, 10 Јуни 2011 00:00
Сакам да изразам посебно признание на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција и Италијанската Влада, за силната поддршка и разбирање што ја даваат на земјите во Југоисточна Европа во нивните настојувања за очувување и унапредување на нивната взаемна соработка, особено во областа на културата и културното наследство.
Обраќање на министерката за култура на 46. издание на фестивалот „ Војдан Чернодрински” во Прилеп
Петок, 10 Јуни 2011 00:00
Со годинешното издание на фестивалот „ Војдан Чернодрински” одбележуваме значаен датум, ја одбележуваме 60 годишнината од смртта на големиот поклоник на македонската самостојност, на македонскиот јазик и бит, творецот кој прв по Константин Миладинов докрај го впрегна нашиот народен говор во извршувањето на големата историска задача.