Петок во 11.00 часот во НУБ „Св. Климент Охридски“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (5.12.2014 година) во 11:00 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје ќе присуства и ќе се обрати на свеченоста која е организирана по повод одбележувањето на седумдеценискиот јубилеј на оваа национална установа, која ќе биде одликувана со „Орден за заслуги за Македонија“.