Свечено отворање на „Музејот на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934)“

Сабота (20.12.2014 година) во 14 часот во Ново село

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (20.12.2014 година) во 14 часот во Ново село, Штип ќе се обрати на свеченото отворање на „Музејот на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934)“.

Музејот е сместен во куќата на старото семејството Андонови, која е типичен пример на стара македонска архитектура која во изминатиот период беше целосно реконструирана.