Промоција на монографијата „Танец - душата на Македонија”

Четврток во 11 часот во Музејот на македонската борба

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (29.1.2015 година), во 11 часот во Музејот на македонската борба ќе се обрати на промоцијата на монографијата „Танец - душата на Македонија” од авторите Родна Величковска и Марко Китевски, која се издава по повод 65-годишнината од постоењето на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“.