Четврток (05.02.2015 година) во 11 часот во Порта Македонија ...
Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска утре (5.2.2015 година) во 11 часот во Порта Македонија ќе се обрати на прoмоцијата на Словачко-македонскиот речник.
На промоцијата свое обраќање ќе имаат и Мартин Безак, амбасадор на Словачка во Република Македонија, проф. Димитар Пандев од Филолошкиот факултет, како и Гоце Цветановски, директор на Институтот за македонски јазик.
Автори на ова значајно лексикографско издание се Гоце Цветановски, Љупчо Митревски и Звонко Таневски.