Министерката за култура ќе оствари работна посета на општина Кичево

Во 11.30 часот се предвидени изјави за медиумите

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска четврток (12.2.2015 година) ќе оствари работна посета на општина Кичево каде што ќе го промовира објектот на ул. „Јанко Михајловски”  број  11 и 13. каде што во изминатиот период беше реконстрирана надворешноста на овој споменик на културата со впечатлива староградска архитектура.

Обновата на објектот е во рамките на проектот за обнова и конзервација на повеќе фасади низ целата држава.