Среда во 12 часот во во Институтот за македонски јазик
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (25.3.2015 година) во 12 часот во во Институтот за македонски јазик ќе се обрати на промоцијата на шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“ чие печатење е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.
Промотори на публикацијата се проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Људмил Спасов и проф. д-р Марко Самарџија од Универзитетот во Загреб.