Прес-конференција по повод соопштување на резултатите од Конкурсот за откуп на драмски текстови

Петок во 11 часот во Порта Македонија ...

Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска утре (24.4.2015 година) во 11 часот во Порта Македонија ќе се обрати на прес-конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од Конкурсот за откуп на драмски текстови, чијашто цел е да овозможи збогатување на продукцијата на драмски дела од македонски автори.

На прес-конференцијата ќе бидат присутни и претседателот и членовите на Комисијата која работеше на изборот: Јордан Плевнеш, Петар Темелковски, Синиша Евтимов и Илбер Муртези.