Инфоден за програмата „Креативна Европа на ЕУ’’ - потпрограма „Култура“

Вторник во 10 часот во Порта Македонија

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска утре (28.4.2015 година) во 10 часот во објектот Порта Македонија ќе се обрати на Инфоденот за програмата „Креативна Европа на ЕУ’ - потпрограма „Култура“.

На настанот, на кој ќе се обратат и директорката на Францускиот институт во Скопје, Изабел Марш Барбо, и координаторот на Канцеларијата за Креативна Европа - потпрограма „Култура“ во Париз, г-ѓа Лоренс Барон, ќе бидат споделени искуствата за актуелното спроведување на програмата „Креативна Европа“ на европско ниво и во Република Франција.