Објавување на првите добитници од конкурсот за Манифестацијата „Нов културен бран“
Четврток, 31 Август 2017 07:57
Министерството за култура на Република Македонија, на прес - конференција која ќе се одржи денес (четврток, 31 август 2017) во Чифте Амамот во Скопје во 13 часот, ќе ги објави првите добитници од конкурсот за Манифестацијата „Нов културен бран“.
Со овој конкурс, кој беше распишан на 31 јули 2017 година, се поддржува организирање на културно-уметнички настани ширум земјава во текот на оваа есен. На прес конференцијата ќе присуствува и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.