Чествување на 8 Септември: Утре свеченост во Спомен – куќата на Конески во Небрегово

Како дел од настаните со кои годинава се одбележува 8 Септември, Денот на независноста, утре (четврток 7 септември 2017 ) во с.Небрегово, родното место на великанот на македонскиот јазик и книжевност, Блаже Конески, ќе се одржи свеченост, на која ќе учествува и делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.  



koneski

На настанот, кој започнува во 11 и 30 часот со положување свежо цвеќе пред бистата на Конески, ќе се обратат и проф д-р Трајко Стаматоски, претседател на фондацијата „Небрегово“, како и професор Атанас Конески, секретар на оваа фондација. На настанот ќе се интерпретира и поезија од Блаже Конески.