Прес конференција: Објавување на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година

Утре (сабота 30 септември 2017 година) во Даут- пашиниот амам во Скопје во 11 часот, Министерството за култура на Република Македонија ќе одржи прес-конференција за објавување на редизајнираниот Конкурс за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година, на која ќе се обрати министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

На прес конференцијата ќе бидат презентирани и клучните аспекти на редизајнираниот конкурс, кои во име на Работната група за подготвување  на новата стратегија за културен развој ќе ги презентираат Валентина Поцеска  и Оливер Мусовиќ.