Прес конференција на министерот Асаф Адеми

Утре (5.07 2018), во 11 часот во Медиа центарот на Владата на Република Македонија, министерот за култура, Асаф Адеми ќе одржи прес-конференција. Министерот Адеми ќе ги презентира состојбите и започнатите процеси во културата, еден месец откако ја презеде функцијата министер за култура, а ќе ги претстави и своите визии и планови за натамошна работа што се во негова надлежност.

Одделение за односи со јавност
Министерство за култура