Најава за изложбата „Подарени дела од Чехословачка“ во МСУ
Вторник, 30 Октомври 2018 14:32
Министерот за култура Асаф Адеми денеска (30 октомври) во 18 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на изложбата „Подарени дела од Чехословачка“ (од колекцијата на Музејот на современата уметност - Скопје), а по повод 100-годишнината од формирањето на Чехословачка ...
На изложбата, во чии рамки ќе бидат изложени слики, графики, скулптури и цртежи од чехословачки автори, ќе се обратат и директорката Мира Гаќина и амбасадорите на Република Чешка и на Република Словачка во Република Македонија, Мирослав Томан и Хенрик Маркуш.