Прес Најави

Министерот Алаѓозовски во посета на „Танец“

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски денес во 11.30 часот ќе го посети НУ Ансамблот за наордни игри и песни на Македонија „Танец'...

Повеќе...

Отворена посета за медиумите на Македонската филхармонија

По повод утрешниот свечен почеток на концертната сезона на НУ Македонска филхармонија, утре (среда, 25 октомври 2017) во 11 часот се организира посета на новиот објект на Македонската филхармонија, кој целосно ќе биде отворен за фотографирање и снимање од страна на медиумите.

При посетата, в.д. директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески детално ќе ги информира медиумите за сите техничко - правни процедури што го следеа отворањето на новиот објект и кои доведоа до доцнење на почетокот на новата сезона. На посетата за медиумите на новата зграда на Филхармонијата ќе биде присутен и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

Владата на Република Македонија ќе го одбележи празникот „Ден на македонската револуционерна борба – 23 Октомври“

Делегација на Владата на Република Македонија предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски во придружба на министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 октомври, во понеделник (23.10.2017), во 10:30 часот, ќе положи венци со свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.

Прес конференција: Објавување на Конкурсот за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година

Утре (сабота 30 септември 2017 година) во Даут- пашиниот амам во Скопје во 11 часот, Министерството за култура на Република Македонија ќе одржи прес-конференција за објавување на редизајнираниот Конкурс за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година, на која ќе се обрати министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски.

Повеќе...

Прес конференција на министерот Алаѓозовски: 100 дена нова Влада во културата

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски ќе одржи прес конфенреција, на која ќе се претстават постигнувањата во областа на културата во првите 100 дена на новата Влада на Република Македонија. 

Прес конференцијата ќе се одржи утре (18 септември 2017), со почеток во 12:30 часот, во прес - салата на Владата на РМ.

Чествување на 8 Септември: Утре свеченост во Спомен – куќата на Конески во Небрегово

Како дел од настаните со кои годинава се одбележува 8 Септември, Денот на независноста, утре (четврток 7 септември 2017 ) во с.Небрегово, родното место на великанот на македонскиот јазик и книжевност, Блаже Конески, ќе се одржи свеченост, на која ќе учествува и делегација на Владата на Република Македонија, предводена од министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.  



koneski

Повеќе...

Објавување на првите добитници од конкурсот за Манифестацијата „Нов културен бран“

Министерството за култура на Република Македонија, на  прес - конференција која ќе се одржи денес (четврток, 31 август 2017) во Чифте Амамот во Скопје во 13 часот, ќе ги објави првите добитници од конкурсот за Манифестацијата „Нов културен бран“.


NKB_cover1crveno

Повеќе...

Комисија за пристап до информации од јавен карактер

КОМИСИЈА ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

ПРЕПОРАКА

БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Службени лица за посредување со информации од јавен карактер:

Драгана Ќурчиоска - 075/ 244 640

Гордана Ивановска Велковска - 071/ 339 211

Министерот Алаѓозовски на јавна дискусија „Што треба да се прави со Скопје 2014?“

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, ќе учествува на дискусијата „Што треба да се прави со Скопје 2014?“. Настанот ќе започне денеска (30 јуни 2017) во 13 часот, во Кино Култура во Скопје, во организација на „Плоштад Слобода“. 


GRA_170628_GradZaSite_SoUcesnici_6

Повеќе...

Министерот Алаѓозовски утре на отворањето на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски ќе присуствува утревечер на отворањето на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Повеќе...

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia