Над 300 уметнички дела во Музејот на современата уметност

02_MSU_50

„Солидарноста - недовршен проект" е насловена новата постојана поставка што вечерва свечено беше отворена во реконструираниот галериски простор на Музејот на современата уметност. На отворањето на поставката, што е во рамките на одбележувањето на 50-годишниот јубилеј на Музејот на современата уметност,  пред многубројните уметници, претставници на дипломатскиот кор и љубители на уметноста, се обратија премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорката Елиза Шулевска.

011_MSU_50

Претседателот на Владата, Никола Груевски, во своето обраќање потенцираше дека за извршената реконструкција на галерискиот простор во кој се изложени уметничките дела, Владата одвоила околу 28 милиони денари и додаде дека со реконструираниот современ простор на Музејот на современата уметност, ќе се овозможи пред јавноста да биде претставена богатата ризница на дела кои и припаѓаат на современата уметност.

012_MSU_50___450

Во поставката, изложена во три галериски простори на 3 500 квадратни метри, се претставени 326 дела од 248 автори од 66 земји од светот вклучувајќи ја и Македонија. Дел од поставката се ликовните дела на Пикасо, Хокни, Петар Лубарда, Џаспер Џоунс, Фернан Леже, Бернар Бифе, Пјер Алешински, уметничките форми и инсталации на Калдер, Јанис Гаитис, скулптурите на Иван Кожариќ, Душан Џамоња, Роберт Јакобсен, како и делата на авторите кои го илустрираат развојот на македонската современа ликовна уметност: Лазар Личеноски, Никола Мартиновски, Петар Мазев, Димитар Пандилов-Аврамовски, Димо Тодоровски, Димитар Кондовски, Душан Перчинков, Јордан Грабулоски, Родољуб Анастасов, Анета Светиева..

Според министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, тоа е само дел од меѓународната колекција и репрезентативна национална збирка на откупени и донирани над 5 000 дела на околу 2 000 автори од 66 земји во светот кои по земјотресот во 1963 го дадоа својот придонес во обновувањето на Музејот на современата уметност.

016_MSU_50

- Денеска со голема одговорност се исполнува ветување, долг кон историјата на уметноста, кон нашето културно наследство, кон македонската публика бидејќи по неприфатливата  децениска „пауза”, во која бевме осиромашени за едно богато визуелно задоволство, во овој нов современ простор од 1 500 квадратни метри добиваме  можност да ги видиме и да ги доживееме делата на македонските и на светските автори кои со својот индивидуален пристап оставија длабоки траги во современата ликовна историја - рече Канческа-Милевска.026_MSU_50

Таа истакна дека поставката постојано ќе се надополнува и со ликовните дела и скулптурите од мал галериски формат кои преку стимулативните мерки и откупите на Министерството за култура во голема мера ќе го збогатат фондот на оваа институција.

- Нашите автори заслужуваат ваков простор за изложување на своите дела, а нашата публика заслужува музеј со извонредно значајни содржини од кои и младите генерации ќе може да ги збогатат своите искуства и сознанија за современата ликовна уметност - рече министерката за култура.

023_MSU_50

033_MSU_50_640

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia