Изградба на спомен-куќа на револуционерот Христо Татарчев во Ресен

012_Tatarcev_320Внатрешното уредување ќе има модификации зашто новиот објект ќе функционира како спомен-куќа со музејски поставки и со простор за прием на посетители и за одржување разновидни културни настани. Куќата ќе биде изградена на 280 квадратни метри, на приземје и кат, и ќе биде енергетски ефикасен објект со хортикултурно уредена околина ...

- Куќата на еден од основачите на Македонската револуционерна организација Христо Татарчев во центарот на Ресен ќе биде изградена на местото каде што постоела и однадвор ќе го има автентичниот лик, а се очекува да биде готова и отворена во август идната година - соопшти денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

010_Tatarcev_640

За изградбата ќе биде надлежен Заводот и музеј - Битола. Таа ќе ги има стилските особености и амбиент на куќа со фолклорна архитектура типична за 19 век. Проектот е веќе изработен врз основа на документација за објект кој веќе го нема. Објектот, кој бил прогласен за значајно културно наследство со особено историско значење, е урнат во 2004 година. За подготовка на изградбата, во изминатиот период беше сменет и Детаљниот урбанистички план на општината.

Внатрешното уредување ќе има модификации зашто новиот објект ќе функционира како спомен-куќа со музејски поставки и со простор за прием на посетители и за одржување разновидни културни настани. Куќата ќе биде изградена на 280 квадратни метри, на приземје и кат, и ќе биде енергетски ефикасен објект со хортикултурно уредена околина.  

011_Tatarcev_450AAПо средбата со ресенскиот градоначалник Ѓоко Стрезоски, директорката на битолскиот музеј Лилјана Христова, проектантите и претставници на Управата за заштита на културното наследство, Канческа-Милевска информираше  дека до крајот на месецов на тендер ќе биде избрана фирма која во периодот август-септември ќе почне да ја гради куќата, за таа да биде завршена за една година. Паралелно се работи и на ентериерот и собирање експонати по пат на откуп или донација.

03aa_Tatarcev450- Овој објект има особено значење за историјата на македонскиот народ од периодот на националноослободителното движење. Поради неговата важност, овој проект се наоѓа и во програмата на Владата и на Министерството за култура и е предвидена изградба на нов објект. Во него ќе има  современа музејска поставка и во три засебни целини ќе бидат изложени голем број фотографии, предмети и документи за револуционерната активност на Христо Татарчев, прв претседател на Централниот комитет на Организацијата - изјави Канческа-Милевска. Таа нагласи дека обновата на објектот ќе придонесе и за развој на културниот туризам во Ресен.

Ресенскиот градоначалник Стрезоски рече дека е задоволен што ќе се реализира нивна дамнешна желба - да се изгради спомен-куќа посветена на Татарчев кој потекнува од нивниот град.

014_Tatarcev_320- Просторот на куќата долги години стоеше запуштен и обраснат со дива вегетација. Бидејќи е во центарот на градот, сметам дека со изградба на куќата ќе се постигнат повеќе цели - тој простор ќе се облагороди и Ресен ќе добие објект што ќе го промовира нашето културно и историско наследство и ќе биде основа за развој на културниот туризам во нашиот град - истакна Стрезоски.

Лекарот Христо Татарчев (1869-1952) се родил во куќата и во неа имал ординација, а нејзиното историско значење  е во тоа што се смета дека таму во август 1894 бил одржан првиот конгрес на Внатрешната македонска револуционерна организација, формирана во претходната, 1893 година.  Експонатите во музејската поставка ќе бидат хронолошки поделени во три дела - предилинденскиот период, активностите на Татарчев во Илинденското востание и периодот по 1903 до неговата смрт во 1952.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia