Министерството за култура донесе решение за разрешување на Роберт Вељановски од функцијата директор на Националната установа Драмски театар - Скопје. За вршител на должноста директор на НУ Драмски театар е назначен актерот Сашо Тасевски, член на ансамблот на Драмски театар.
Според наодите на инспекциксите служби, сметаме дека е од јавен интерес да образложиме и кои се причините за разрешувањето на досегашниот директор Вељановски.
Министерството за култура потсетува дека именувањето на в.д директори, се прави со цел што побрзо ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри.
Истовремено ја информираме јавноста дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.
Појаснуваме дека по исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи.
На конкурсите сите заинтересирани кандидати од самите институции, но и надвор од нив, ќе можат да ги предложат своите програми и визии за департизација, заздравување и унапредување на работата на културните институции во Република Македонија.