Известување за почеток на процесот на подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура на Република Македонија ја известува јавноста дека на Единствениот национален електронски регистар на прописи - ЕНЕР (www.ener.gov.mk) и преку е-Влада, е извршена објава на Известување за почеток на процесот на подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права...

Законот за авторско право и сродни права од 2010 година досега е менуван и дополнуван три пати - во 2013 година, во 2015 година и во 2016 година. При ова, во постојните одредби, кои се однесуваат на колективното управување, во голем дел не се земени во предвид и соодветно транспонирани одредбите од Директивата 2014/26/ЕУ за колективното управување на авторското право и сродните права, како и за издавања одобренија за повеќе државни подрачја за правата на користење на интернет на музуички дела во внатрешниот пазар кои се однесуваат на колективното управување, во делот на колективното управување.

Досегашната имплементација на Законот за авторското право и сродните права покажа дека моделот утврден во постојниот Закон го отежнува функционирањето на системот на колективното управување со наметнување на несоодветни обврски,  надлежности и процедури, од една страна, а од друга отсуство на регулирање на прашања битни за ефикасно и соодветно колективно управување. Од овие причини, потребно е да се донесе Закон за изменување и дополнување на  Законот за авторското право и сродните права, со кој ќе се дадат нормативни основи за остварување на ефикасен систем на колективно управување. Исто така, со ова, ќе се поттикне колективното сотварување на повеќе видови права.

Законот за авторското право и сродните права исто така е потребно да се хармонизира, односно доусогласи и со законодавството на  Европската Унија.  Во таа насока, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права треба да се усогласи со Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права и со Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци.

Со донесување на Предлогот на законот треба да се создадат нормативни претпоставки за остварување на  ефикасен и рационален систем на колективно управување со авторското право, односно сродните права.

Согласно постапката утврдена со Методологијата за проценка на влијанието на регулативата и Деловникот за работа на Влада, заинтересираните страни можат да  доставуваат свои предлози и коментари.

Одговорно лице за контакт е Весна Илиевска, државен советник за правни работи. кон.тел. 02-3240-665.

Известувањето за почеток на процесот на подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права може

да се погледне на следниов линк: 

https://ener.gov.mk/default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_ann_detail&itemid=lEmHh0ymjApDtOnihGC1dw==