Министерството за култура на Република Македонија ги објавува резултатите од првиот рок за одлучување од Конкурсот за учество во финанисирање проекти на правни лица од Република Македонија, кои се поддржани од Програмите на Креативна Европа (2014-2020) – потпрограма Култура и Култура 2007-2013 на Европската Унија за 2018 година...
На распишаниот Конкурс за првиот рок за одлучување аплицираа вкупно 5 субјекти со 6 проекти. Комисијата, по детално разгледување на потребната документација, на министерот за култура му предложи да се прифатат 3 проекти (прилог табела). Во табелата се наведени точните податоци за комплексноста на наведените проекти.
Министерството за култура покажува целосна посветеност во подршката на проектите од Програмите на Креативна Европа (2014-2020), со кофинансирање на проектните партнер од Република Македонија, средства кои се обезбедуваат на буџетот на Министерството за култура за 2018 година.
Табелата со прифатените проекти може да се симне и сочува на следниот линк:
Резултати од првиот рок за одлучување - Конкурс за учество во финанисирање проекти на правни лица од Република Македонија, поддржани од Програмите на Креативна Европа (2014-2020) – потпрограма Култура и Култура 2007-2013 на Европската Унија за 2018 година