Oдложeна јавната расправа за измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура ја известува јавноста дека ја одложува јавната расправа за измените и дополнувањата на Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, која беше закажана за 12 април 2018 во 12 часот. Министерството за култура дополнително ќе извести за новиот термин за одржување на јавната расправа.


Јавната расправа се одложува бидејќи до службите на Министерството, по објавувањето на предложените измени и почетокот на процесот на страницата на ЕНЕР,  почнаа да пристигнуваат голем број забелешки и предлози по однос на предложените измени. Цел на Министерството е да ги разгледа внимателно и детално сите овие дописи, со цел на јавната расправа да бидат изнесени сите релевантни согледувања и предлози коишто произлегуваат од засегнатите страни, што ќе овозможи посодржајна и поквалитетна јавна расправа, од која очекуваме одржливо решение за еднo долгогодишнo и сериознo прашање.

Министерството за култура останува целосно посветено на заложбата за заштита на авторските права и јавниот интерес, на начин кој што нема да биде на штета на ниту една засегната страна и ќе овозможи конечно воспоставување ред и владеење на правото во колективното управување со авторските права.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia