Нови директори во неколку национални установи од областа на културата
Министерството за култура ја известува јавноста дека по завршување на постапката по јавните конкурси, министерот за култура именуваше 6 нови директори со редовен мандат во национални установи од областа на културата...
Катарина Илиевска-Силјановска е именувана за директорка на Н.У Театар за деца и младинци -Скопје.
Во Н.У Центар за култура ,, Асном'' -Гостивар, за директор е именуван Ход Мифтари.
Во Н.У Музеј на Македонија - Скопје, за директор е именуван Гордан Николов.
Во Н.У Музеј на современа уметност - Скопје, за директорка е именувана Мира Гаќина.
Во Н.У Музеј на Тетовскиот крај - Тетово, именуван директор е Миќо Стојчески.
Во Н.У Центар за култура ,, Трајко Прокопиев''- Куманово, за директор е именуван Сашо Тодоровски.
Со овие наицонални установи досега раководеа вршители на должноста на оваа функција.