Со солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова, вечер (13 декември), со почеток во 21:00 часот, во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе почне третото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“...
На отворањето на Фестивалот ќе прозвучи музиката на полскиот композитор Збигњев Прајснер и неговите дела за филмските остварувања „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“ и „Три бои“, како и десет едноставни пиеси за пијано.
Филмската програма на овој фестивал содржи само кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, придружната програма е составена од „Денс“ - филмови на италијанскиот „Stories We dance“, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм. Затворањето на Фестивалот, пак, ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“.