Ансамблот на Турскиот театар вечер, со почеток во 19:00 часот, на сцената на Театар Комедија ќе ја изведе претставата за младинци „Ана и Хана“ по мотиви на делото „Дневникот на Ана Франк“...
Во претставата, која е во адаптација и режија на Драгана Гунин, настапуваат: Емине Халил, Жале Османли, Инес Радончиќ, Хакан Даци, Фунда Ибрахим, Един Јакуповиќ, Зиба Радончиќ, Ријад Тахир и Наџије Кеч. Сценографијта е на Беди Ибрахим, костимите на Елена Вангеловска, музиката на Ади Имери, а кореографијата на Александра Кочовска-Начева.
Претставата ќе се изведува со титли на македонски јазик.