Во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Магијата на Монмартр“

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска (21 декември) ќе биде отворена изложбата „Магијата на Монмартр“ ...

mal_bitolski_monmartr

На изложбата ќе бидат изложени 30 дела создадени на 37–то издание на ликовната манифестација „Мал битолски Монмартр, која се одржа од 23 до 30 мај годинава, а на која учествуваа 100 деца со ликовни педагози од 15 земји од светот.

Поставката во Прилеп содржи избор од најдобрите дела. Претходно, дел од делата беа претставени во Битола, Охрид и во Москва.