Изложба на керамички предмети од неолитот

Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје пред 8 милениуми_2: првите керамичари од Церје – Говрлево“, на која низ повеќе илустративни паноа и археолошки предмети ќе биде обработена темата за раните керамички садови во Македонија преку керамичкиот материјал од Церје – Говрлево ...

SKOPJE-PRED-8-MILENIUMI_2-1-960x457

- Станува збор за голем број експонати од раниот, средниот и од доцниот неолит, односно од периодот меѓу 6000 и 5300 година пр. н. е. Меѓу другото, за оваа пригода е изготвено и печатено издание во кое свое место имаат пет труда поврзани со различни прашања од раното керамичко производство низ целиот свет и Балканот, со посебен осврт на материјалната култура од споменатиот локалитет - соопшти Музејот на Град Скопје за изложбата која ќе биде отворена до 31 јануари 2019 година. 

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia