На сцената на Македонската опера и балет вечер (25 декември), со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде изведен балетскиот спектакл „Ана Каренина“ од Петар Илич Чајковски со кореографија на Лео Мујиќ од Хрватска ...
На сцената на МОБ ќе настапат: Мими Поп Алексова како Ана Каренина, Бобан Ковачевски како Вронски и Васил Чичијашвили од Грузија како Каренин.
Инаку, станува збор за едно од најпознатите светски литературни дела од крајот на 19 век кое досега претставувало инспирација за многу театарски и филмски креации.