Тактилна изложба во Заводот и музеј Битола

Во малата сала на Заводот за заштита на спомениците и музеј Битола денеска (27 декември) во 13 часот ќе биде отворена тактилна изложба со мотиви од колекцијата на оваа национална установа...

taktilna_izlozba_vo_Muzej___Bitola


Изложбата, која е поддржана од Министерството за култура, е наменета за слепи и за лица со слаб вид со единствена цел - достапност на постојаната музејска  поставка за нив. Изработени се дваесетина тактилни слики на специјална капсулна хартија, печатени на фузер, придружени со адаптирани текстови и објаснувања на Брајова азбука.

Во рамките на овој проект биле консултирани повеќе експерти од Република Македонија и од Балканот (дефектолози, тифлолози, дизајнери, кустоси...), а биле направени и консултации со слепите лица од Битола низ работилници, организирани посети и состаноци.

Од Музејот од Битола најавуваат дека во наредниот период предметите ќе бидат презентирани во 3Д, со аудио- и видеоподдршка и објаснувања на знаковен јазик, со поддршка од Балканска музејска мрежа.