Хрватски детски филмови во Кинотеката на Македонија

Во Кинотеката на Македонија од 9 до 16 јануари ќе се одржи ревија на филмови за деца од хрватската кинематографија, како и изложба на филмски плакати со наслов „Детски поглед“...

Kinoteka

Во рамките на програмата ќе бидат прикажани филмовите: „Брканица по моторот“ во режија на Бранко Мајер (9 и 10 јануари), „Пико“ во режија на Среќко Вејганд (9 и 10 јануари), „Синиот галеб“ на Бранко Бауер (11 јануари), „Дружината на Перо Џумката“ во режија на Владимир Тадеј (11 и 12 јануари), „Волк самотник“ на Обрад Глушчевиќ (12 и 14 јануари), „Капетан Микула Мали“, уште едно остварување на Обрад Глушчевиќ, (15 јануари) и „Тајната на стариот таван“ во режија на Владимир Тадеј (16 јануари).

Македонската публика, пак, во рамките на изложбата „Детски поглед“ ќе може да види 21 плакат за 24 долгометражни и краткометражни филмови создадени во периодот од 1953 до 2006 година. Плакатите се дел од збирката филмски плакати на Хрватската кинотека која го собира речиси целиот придружен филмски материјал на сите долгометражни филмови настанати во хрватската продукција од 1944 година до денес .