Во Домот на културата „Јане Сандански“ од Пехчево утре (11 јануари) во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Парижанка во Пехчево“ од уметницата Лена Ѓуриќ ...
Во рамките на изложбата, пред пехчевската публика ќе бидат претставени 31 дело.
Богатата колекција од ликовни дела од авторката Лена Ѓуриќ досега е изложувана низ повеќе градови во Македонија, како: Штип, Битола, Струмица, Радовиш, Виница, Свети Николе, Берово, Делчево и Скопје, а овој петок за првпат ќе биде претставена пред љубителите на уметноста од Пехчево.
По прикажувањето на филмот „Исцелител“, изложбата „Парижанка во Пехчево“ е втора активност на новиот директор на пехчевската културна установа од каде што најавуваат збогатување на културниот живот во Пехчево во оваа, 2019 година.
Изложбата е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.