Во Македонската опера и балет и годинава на 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот ќе се одржи традиционалниот гала-концерт по повод празникот Василица...
Концертот со наслов „DISCO FEVER“ оваа година на присутните ќе им приреди вистинско и незаборавно музичко доживување со изборот од најдобрите диско- хитови од 70-тите години со целосно нови симфониски аранжмани. Публиката во салата на МОБ ќе ужива во изведбата на хитовите: „Staying Alive”, „Night fever”, „Hot stuff”, „Upside down”, „Ain’t nobody”, „Dancing queen”, „That’s the way like it”, „Don’t stop till you get enough” и многу други популарни песни на Глорија Гејнор, Дона Самер, АББА, Би Џиз, Мајкл Џексон, Бони М и други диско-изведувачи. Концертот во живо е со оркестарот и балетот на МОБ, а во режија на Дејан Прошев и под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Песните на сцената на МОБ ќе ги изведат познатите македонски изведувачи: Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова и Лина Авшар.
Специјален гостин е Кире Ѓоревски.