Во Македонската опера и балет денеска, 15 јануари, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ со музика од Камиј Сен-Санс ...
Балетот „Самсон и Далила“, кој ја обработува библиската приказна за вечната борба меѓу доброто и злото, е во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска, а во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили, Саша Ефтимова, Ендру Кук од Англија, Мирослав Митрашиновиќ и Олга Панго.