Во библиотеката при Центарот за култура во Крива Паланка денеска, 16 јануари, со почеток во 17 часот, ќе се одржи манифестацијата „Танц со зборовите“ ...
Во рамките на манифестацијата, на која ќе учествуваат членовите на Книжевно-литературниот клуб „Калин“ кој работи во рамките на Центарот за култура, освен поетското читање ќе се одржи и ретроспективна изложба на издадени стихозбирки и прозни дела на некогашни и на актуелни членови на Литературниот клуб „Калин“.
Крајот на настанот е наменет за прогласување на „Најчитател на годината“ и за доделување дипломи за читатели кои биле најредовни посетители во библиотеката и прочитале најмногу книги.