Фотографиите на Метка Верњон и на Наташа Димовска-Узуновска мост за културно зближување и продолжување на повеќегодишната врска меѓу Македонија и Словенија

drzavenИзложбата со наслов „Зближувања“, по повод словенечкиот празник на културата во чест на словенечкиот поет, Франце Прешерн, за отворена ја прогласи Дарко Стефановски, државен секретар во Министерството за култура кој истакна дека постојат планови таа да се прикаже и во Словенија во рамките на програмата за Соработка во областа на културата и уметноста за периодот 2010-2013 година.

„Вечерва преку делата на двете уметници стануваме свесни за моќта на уметноста која ги поврзува луѓето и која е продолжение на повеќегодишната врска меѓу Македонија и Словенија. Република Македонија има традиционално одлични културни врски со Република Словенија, која е наш голем пријател и поддржувач во евроинтегративните процеси. Токму оваа изложба покажува дека новите искуства и иницијативи ќе создадат уште една креативна заемна поврзаност во рамките на културата. Министерството за култура и во иднина ќе се залага за интензивирање на соработката меѓу нашите две земји за да можеме разбирајќи ја нивната, да ја раскажеме и нашата приказна“, рече државниот секретар Дарко Стефановски.

Свое обраќање на отворањето на изложбата имаше и словенечкиот амбасадор Алан Брајан Бергант, кој истакна: „Културата е еден од најсилните мостови на зближување меѓу народите. На оваа изложба се претставуваат две уметници, а една идеја. Различни, а блиски. Станува збор за збир на фотографии кои се преплетуваат и се надевам дека нивните дела ќе остават белег кај сите што ќе дојдат да ја погледнат изложбата“.
На изложбата присуствуваа и амбасадорите на Франција, Австрија и на Црна Гора во Македонија, како и поранешниот македонски амбасадор во Словенија, Димитар Мирчев.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia