Трудот на уметниците за придонес во културата, награден со решенија за национални пензии

02_resenija_320Денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска (покрај првите 39 кои беа доделени во март), врачи уште девет  решенија за национални пензии за придонес во културата

Уште девет  решенија за национални пензии за придонес во културата врачи денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, покрај првите 39 кои беа доделени во март.

Решение за национална пензија денеска примија историчарот на уметност Димитар Ќорнаков, архитектот Петар Муличкоски, сликарот Родољуб Анастасов, актерот Владимир Светиев, оперските уметници Милка Ефтинова и Димитри Мариновски, диригентот Томислав Шопов, кустосот Ристо Групче и педагогот за пијано Борис А. Романов.

Министерката Канческа-Милевска изразувајќи благодарност од свое име и од  име на Владата на Република Македонија за нивниот придонес за промоција на културата надвор од Македонија. Таа подвлече дека ова е голем и свечен чин, а мал придонес за сето она што тие уметници го имаат направено за нашата држава, како и валоризација на трудот на уметниците како најголем поттик и круна на нивната долгогодишна активна кариера, за придонесот и промоција на Македонија во светот.

01_resenija_640

- Ова е голем и свечен чин и од наша страна тоа е почит и благодарност кон вас, им рече Канческа-Милевска на новата група добитници на национална пензија.

Заблагодарувајќи се за признанието оперската певица Милка Ефтимова изјави дека првпат се случува на ваков начин да се цени трудот на уметниците. Диригентот Шопов смета дека тоа е признание за долгогодишната и работа и посветеност на уметноста со што, како што рече, им го збогатуваат животот на луѓето. Актерот Владимир Светиев рече дека ова го доживува како круна на звоите изминати творечки години на сцената.

- Верувам дека во сите тие години поминати во театарот достојно ја заштитува мојата професија, додаде Светиев.

Националните пензии се доделуваат согласно со измените во Законот за култура кој се применува од почетокот на годинава. Тој им овозможува на  уметниците и на други стручни работници од областа на заштитата на културното наследство и добитници на државните награди „11 Октомври“, „Св. Климент Охридски“ и „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во културата или за животно дело да имаат право на месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија.

kultura_logo_2

ohridsko_leto_nova-2

 
    

Линкови

vladamkpretsedatel

sobraniee-demokratija-banner

uslugigovmkkomisija-za-pris-jk

sekretarijatzaeuinvest-macedonia

uzknunesco

ohridsko-letongm

mobmf

logo_tanec

exploring-macedonia