Министерот за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска оствари средба со Министерот за образование, култура и наука на кралство Холандија, Халбер Зијлтра.
Фотографии од средбата на министерот за култура на Република Македонија Елизабета Канческа-Милевска и министерот за образование, култура и наука на Кралство Холандија, Халбер Зијлтра, одржана во Утрехт, Холандија по повод отворањето на големата изложба „Ненадмината убавина – икони од Македонија“ на која е претставен дел од македонското културно наследство со исклучително значење.