Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година ќе се објават во септември Министерството за култура информира дека во согласност со измените и дополнувањата на Законот за културата објавени во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 44/14, годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година, по одделни области и за одделни активности од културата, наместо во мај, како што беше досега, ќе се објават во септември годинава ... Во конкурсите ќе бидат содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат процена на пристигнатите проекти. Годишните конкурси ќе бидат објавени во јавните гласила, како и на веб-страницата на Министерството за култура, и ќе траат најмалку 30 дена од денот на објавувањето.
ПРОЕКТИ КОИ СЕ СОДРЖАНИ ВО ГОДИШНИТЕ ПРОГРАМИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ УСТАНОВИ ЗА 2016 ГОДИНА И ПРОЕКТИ ПОДДРЖАНИ НА ГОДИШНИТЕ КОНКУРСИ ПО ОДДЕЛНИОБЛАСТИ И АКТИВНОСТИ ОД КУЛТУРАТА ЗА 2016 ГОДИНА
Годишна програма за остварување на националниот интерес во културата во 2015 година
Годишна програма за остварување на националниот интерес во културата во 2013 година